Менопауза: Промена на живот, Промена на животен стил | Trendseteri
Menu

Менопауза: Промена на живот, Промена на животен стил

Менопауза: Промена на живот, Промена на животен стил

 

 

Ако ги прашате жените кога е најголема веројатноста дека ќе се поправат, одговорот ќе биде: “Во бременост и во менопауза”. За првото прашање — бременоста е очекувано и неопходно (се разбира не повеќе од 10кг), но кај менопаузата не важи истото. Точно е дека одржувањето на килажата станува предизвик, но не е точно дека посекако доаѓа поправање во овој период од животот на жената.

Како што се приближува менопаузата, нивото на хормони почнува да варира и жената приметува промени на телото. Косата почнува да станува потенка, кожата станува сува, и многу жени осеќаат периоди на жештина. Но, она за што секоја жена се плаши е тешкотијата да ја прилагоди килажата на саканото ниво.

Естроген е хормон кој е задолжен да “промовира” складирање масти. Тој всушност помага да се складираат масти околу колковите и бутините за да се осигура дека телото ќе има доволно енергија за време на бременоста и доењето. Е сега, како менопаузата наближува, овие депозити на масти не се повеќе потребни затоа што завршува периодот за бременост и репродукција. Но, за да задржи хормонален баланс телото се обудува да задржи што е можно повеќе масти затоа што мастите ослободуваат естроген во крвта.

Покачување на килажа во менопаузата повеќе се приметува околу стомакот. Во тој период “крушковиот” облик на телото преминува во “јаболков”. Но, привидниот зголемен струк не треба да се занемарува и да се очекува дека ќе се реши козметички. Многу често во овој период од животот мастите почнуваат да се создаваат и околу внатрешните органи на жената. Така ослободуваат хормони во крвотокот, а тие пак знаат да направат хаос со крвниот притисок, холестеролот и да го попречат правилното обработување на јаглехидрати во телото. Затоа жените треба да се посебно внимателни во овој период од појава на некои хронични болести.

Добрата вест е дека само затоа што почнала менопаузата не значи дека треба да се покачи килажата. Тука само ги напоменавме симптомите и настаните кои се случуваат доколку не се превземе нешто. Она што важи во овој случај е ништо поразлично од она што секој од нас треба да го прави и во било кој период од животот. Едноставно, добра исхрана, вода и вежбање. Единствено нешто кое би го потенцирал е да се даде фокус на вежбите со тежини. Во овој период од животот многу жени доживуваат промени со коските и често страдаат од остеопороза и артртитис. Вежбите со тежини помагаат да се зајакнува мускулниот тонус и коските. Искористете ги жешките нагони за вежбање.

The Better Nutrition

Park Hotel & Spa

Хороскоп за месец на Близнаците со Тамара

Месец на Близнаци
NOA Lounge Bar - Ohrid