Меланија Трамп, првата дама на САД | Trendseteri
Menu

Меланија Трамп, првата дама на САД

Меланија Трамп, првата дама на САД

 

Меланија Трамп моментално е во фокусот на интерес на целиот свет. Убавицата од Словенија, е родена на 26 април 1970 во Ново Место – Словенија. Студирала на Универзитетот во Љубљана само една година, пред да ги напушти студиите и да се посвети на својата кариера како модел.

Во 1998 година потпишала договор со модна агенција во Милано. Претходно во 1992 година се преселила во Милано а во 1996 година во Њујорк. Во Њујорк снимила голем број на кампањи, а во 2000 година беше на насловната страна на Спорт илустрејтетд, како бикини модел. Во 1998 година Меланија се запознава со Доналд Трамп.

Нивниот прв состанок бил во Moomba во Њујорк. Започнале да се забавуваат и во 2004 година, Трамп ја побарал за жена, а стапиле во брак една година подоцна. Мелани е втората прва дама која не е родена во САД.