Стилски грешки кои не се простуваат | Trendseteri
Menu

Стилски грешки кои не се простуваат

Маж со стил никогаш не би ги направил овие грешки


Доколку сакате да бидете маж со стил кој сака да привлекува и освојува женски погледи, тогаш мора да ги избегнувате овие модни грешки по секоја цена.

Секој маж се обидува добро да изгледа и со тоа да ги привлекува поглдеите од понежниот пол. Без разлика дали го признавате тоа или не, мажите сакаат да импонираат со нивниот изглед и се спремни многу да прават за тоа.

Сепак често се случува неприметно прават модни грешки, или не знаат дека има работи кои не се толерираат во модата.

Затоа решивме да ви помогнеме и да ви укажеме на грешките кои не смеете да ги правите доколку сакате да бидете атрактивни и привлечни.

1. Кошула со изгужвани ракави


Никогаш не ги повлекувајте ракавите на горе. Така се гужваат. Потвиткајте ги но не повеќе од два пати за да го зачувате педантиот и средениот изглед.

 

2. Чевли и патики никогаш без чорапи


Ретко нешто е поодвратно па дури и посмешно него маж кој носи чевли без чорапи. Тоа никогаш не може да биде привлечно. Наспротив! Одвратно е, иако многумина го оправдуваат со изговорите „не ми мирисаат нозете“ или „лето е“.

3. Предолги панталони или фармерки


Доколку ви се гужваат панталоните, т.е. фармерките на крајот на ногавицата, предолги ви се и морате да ги скратете. Немојте никогаш да ги подвиткувате оставете како круна да се соберат над чевлите, бидејќи ќе смешно ќе изгледате. Посетете добар кројач како мајстор „Зеко“ во Буњаковец и скратете ги по ваша мера.

 

4. Предолги маици


Долгите маице на никој маж не одговараат и затоа е најдобро да ги избегнувате. Доколку имате такви во вашиот плакар, користете ги за спиење или во теретана.

 

5. Бели чорапи


Белите чорапи се оправдани исклучиво на спортски долен дел како што е тренерката или спортски шорцеви, односно на бели патики. Со сè останато се едноставно неприфатливи, па најдобро да се навикнете да носите црни чорапи, бидејќи така никогаш нема да погрешите.