Револуционарен начин на слабеење | Trendseteri
Menu

Револуционарен начин на слабеење

Прво MAXIFIT XBODY студуо со електро-мускулна стимулација во Македонија

 

ЕМС или електро-мускулна стимулација е иновативна фитнес технологија која за време на тренингот испраќа мали и сосема безболни електрични импулси дирекно до мускулите, а со тоа ги зголемува нивните природни контракции и го прави секој тренинг повеќекратно ефикасен. Оваа технологија, веќе со децении се користи во медицината, кај физиотерапијата и опоравувањето од повреди – а сега на иновативен начин ја користиме во фитнесот!

 

Кои се предностите на вежбањето во Maxifit XBody студиото?

  • Заштедува време, а сепак загарантирано ја постигнувате посакуваната цел
  • 20 минутно вежбање со XBODY е еднакво ефикасно како и 3 тренинзи од 90 минути со средна тежина
  • Погоден за сите возрасти и физичка подготвеност – без разлика дали сте почетник или спортист
  • Загарантирано зголемување на кондицијата и издржливоста за околу 70%
  • Вежбањето со електро-мускулна стимулација има до 18 пати поголем ефект од конвенционалниот начин на вежбање во теретана
  • Намалување на болката во грбот или исчезнување на истата кај дури 88% од испитаниците
  • Зголемена максимална издржливост за краток период
  • Обезбедена опрема за вежбање и средства за хигиена

 

Каков е начинот на вежбање?
Нашите тренинзи во Maxifit се базирани на ЕМС (електро-мускулна стимулација) и индивидуално се изведуваат со помош на персонален тренер, а со тоа се издвојуваме од другите видови на тренинзи. Тренинзите се кратки и траат 20 минути, а доволно Ви се два тренинга неделно да за најмалку месец дена имате видливи резултати кои се манифестираат со губење на масни наслаги, тонус и оформување на мускулите, корекција на ставот и држењето на грбот, намалување на целулитот, а т.н. Maxifit тренери се сертифицирани стручни лица кои ќе ви помогнат да на најдобар начин ги досегнете Вашите фитнес цели.

 

Дали тренирањето со електро-стимулација е опасно?
Не. На тренинзите или терапиите во Maxifit се користи ниска фрекфенција на електрични импулси кои не се опасни. Зошто? Нашите мускули работат без престан. За време на овој процес ситните електрични импулси кои ги испраќа мозокот го иницираат секое движење. Значи, тренингот со електро-мускулна стимулација само го зголемува бројот на овие импулси кои го иницираат движењето и имитираат природни сигнали од мозорот. На тој начин телото ги прифаќа импулсите потполно природно.

Која е минималната возраст за вежбање и дали постојат контраиндикции?
ЕМС тренинзите не се препорачливи за помлади од 18 годишна возраст. Што се однесува до контраиндикциите, постојат одредени случаи кога за да вежбате потребна Ви е согласност од Вашиот доктор. За жал ЕМС тренингот не се препорачува за лица со пејсмејкер, дијабетис, проблеми со срцето и притисокот.

 

Колку време е потребно до првите резултати и дали смеам да тренирам кај вас доколу имам повреда?
За време на нашите тренинзи целета мускулатура Ви е активна и во комбинација со 1 на 1 тренингот со личен тренер, резултатите се видливи по месец дена вежбање, а тоа го прави ваквиот начин на вежбање поефикасен и побезбеден за вашите мускули и зглобови. Овој вид на тренинг, всушност е идеален за опоравување после повреда бидејќи не врши притисок на зглобовите!

 

Што се е опфатено со цената на пакетот и колку пати неделно може да вежбам?
Во цената на пакетот вклучени се комплетната опрема потребна за вежбање, услугите од персонален тренер, план за исхрана и средства за хигиена. Нашата понуда опфаќа различни пакети, па може да се избере еднаш, двапати и трипати неделно. За одржување на формада доболно е да се доаѓа еднаш неделно. За обликување на телото двапати, а за професионални резултати можете да доаѓате и трипати неделно. Со секој Maxifit ЕМС тренинг се согоруваат околу 500 калории за 20 минути. Во следните 4-6 часа се согоруваат и до 1200 калории, а 48 часа по вашиот тренинг и до 4000 калории се топат од вашето тело.

Закажете пробен тренинг и уверете се од ефикасноста од овој начин на вежбање

Контакт:
Facebook

Теллефон 071875874
www.maxifit.mk