Ексклузивни снимки на "Врба" на Милчо Манчевски | Trendseteri
Menu

„Врба“ на Милчо Манчевски

Погледнете исечок од снимањето на новиот филм на Милчо Манчевски – Врба

 

Манчевски како режисер и автор на сценариото, а по девет години прв филм што го работи во Македонија.

-„Врба“ или „Willow“ како што е оригиналот именуван, раскажува три испреплетени приказни за љубов и доверба, едната од македонското средновековие, другите современи, но се огледуваат и се во контраст една со друга. Иако ги раздвојуваат векови, ликовите во „Врба” имаат слични грижи, радости и соништа. Не е важно која е темата или пораката на едно уметничко дело, важно е тоа да те допре, расплаче, насмее или налути, вели режисерот Манчевски.

Главните улоги им се доверини на младите актери: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев и на веќе искусната Камка Тоциновски. Покрај нив во филмот играат и Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова Периќ,…

Снимањето на филмот ќе трае до првата половина од декември и ќе се снима на локации во живописните мариовски села Штавица, Дуње и Зович, на Трескавец, во Преспанскиот регион и на различни локации низ Скопје.

Токму дел од снимањето кое моментално се одвива по скопските улици, поточно во Буњаковец-Центар, може да го погледнете на ова видео

 

Кликни тука – Видео од снимањето на „ВРБА“