Убавата страна на Македонија | Trendseteri
Menu

Убавата страна на Македонија

Прекрасен поглед на Македонија од друг агол (ВИДЕО)

 

Нашата татковина Македонија изобилува со бројни природни убавини од кои ни застанува здивот. На секоја точка на мапата на оваа наша мала и чудесна земја природата не ја штедела својата дарежливост, исцртала единствени и уникатни пејзажи, подигнала грандиозни планини, оформила длабоки и чисти реки и езера, им дала живост на многубројните водопади, пештери, извори, полиња, долини, клисури.

Македонија е земја со богата и долга традиција, историја и култура. Надалеку е позната и прочуена по своите природни убавини и реткости и поради тоа е посетувана  од туристи од скоро целиот свет.

Од север до југ, од исток до запад, ќе ве одведеме на едно мало патување низ Македонија. Компилација од најубавите кадри  снимени со дрон од страна „Procam продукција на познатиот фотограф Небојша Петревски од Гостивар.

Одвојте 5 минути и уживајте во прекрасните кадри од цела Македонија!

 

 

Four - Духот на италијански специјалитет

Mесец на вагата

Месец на Раковите