Магичната куќа на Памела Андерсон на плажа во Малибу | Trendseteri
Menu

Магичната куќа на Памела Андерсон на плажа во Малибу

Оаза за уживање – ѕирнете во раскошниот дом на Памела, кој се наоѓа на плажата во Малибу

 

Во раскошниот дом полн со светлина и рустикални предмети се кријат 4 спални соби, три бањи и куќа за гости во која би уживале и најразмазените.

Ѕвездата од „Чувари на плажата“ се прослави со трчкањето по неа, а и во приватен живот најубаво се чувствува кога е во близина на песок и океан.

Пред десетина години Памела Андерсон купи куќа во Малибу, која ја уреди баш по свој вкус и желби, па просторот е полн со бел намештај, дрва, светлина и простории за излежување и релаксација.

Пред 5 години се обиде да ја продаде луксузната куќа, а сега ја изнајмува за 40 000 долари месечно.

Во самата средина се наоѓа базен низ кој се протегаат бројни лежалки, а баш тој простор ја дели куќата на два дела.

Во куќата за гости, среќниците можат да уживаат во џакузи, да засвират на клавир или да се стуткаат во простран кревет гледајки го оганот во каминот.

Дневната соба има бела софа и големи фотељи со пространа тераса со поглед кон базенот.

Луксузниот дом го дизајнирал архитектот Филип Верток, а за уредување на ентериерот Памела Андерцон се консултирала со професионалецот Џош Крисанту.