Мадона во нова акција | Trendseteri
Menu

Мадона во нова акција

Мадона, покрај тоа што учествувала во пишувањето на сценариото, таа исто така ќе го режира „Loved“, филм со геј тематика адаптиран од новелата „The Impossible Lives of Greta Wells“ на Ендрју Шон Грир. Приказната го следи животот на Грета и трите животи кои можела да ги живее наспроти нејзиниот. Во секој живот е опфатена нејзината врска со геј братот близнак, Феликс.

„Филмот задира во многу навистина важни теми во кои отсекогаш сум се инвестирала себеси и за кои сум се залагала – борбата за женски права, геј права, граѓански права, секогаш борејќи се за аутсајдерите“, изјави таа во интервјуто за Harper’s Bazaar, кое во целост можете да го прочитате овде.

Влијателниот застапник за ЛГБТ заедницата добиваше и негативно медиумско покривање во нејзината кариера што направило да се чувствува обесправена. Тоа ѝ дало уште една причина повеќе да ја адаптира оваа приказна.

„Има пишувано разни срања за мене во текот на целата моја кариера, а голем дел од тоа е поради тоа што сум жена и одбивам да живеам конвенционален живот. Создадов многу неконвенционално семејство… Имам чувство дека сѐ што правам прави луѓето да се чувствуваат навистина непријатно.“

Таа е инволвирана во филмскиот бизнис веќе извесно време и има напишано и режирано проекти како „Secret Project Revolution“, „W.E.“ и „Filth and Wisdom“.

Мадона објасни дека се вклучила во овој проект бидејќи го чувствува многу близок и допира важни теми, но исто така спомена дека оваа приказна, сега „повеќе од кога било, е исклучително навремена приказна за раскажување“.

А ако стравувате дека би можела да ја напушти музиката наскоро, не плашете се. Кралицата на поп музиката изјави дека апсолутно нема намера да запре.

„Ќе запрам да правам сѐ што правам кога нема да сакам да го правам тоа повеќе. Ќе запрам кога ке останам без идеи. Ќе запрам кога ќе ме убиете.“