Таа е првиот "Ангел" на Викторија со облини | Trendseteri
Menu

Таа е првиот „Ангел“ на Викторија со облини

Американскиот бренд „Victoria’s Secret“ направи вистинска пресвртница во својата промоција


Модните ревии на „Victoria’s Secret“ во иднина ќе бидат претставени и од Лорена Дуран која е воедно и првиот „Ангел“ со облини.

„Среќна сум но и горда на овој нов ангажман. Редно време беше за ваква промена. Му благодарам на тимот на „Victoria’s Secret“ кој овозможи сонот да ми стане реалност“ …напиша Лорена на нејзиниот инстаграм профил.

25 годишната Шпањолка кариерата ја започнала на 17 годишна возраст и работела до сега за брендови како „ASOS“, „Zalando“, „El Corte Inglés“, „Intimissimi“, а во изминатиов период ја претставува колекцијата на „Sofia Vergara“.

Дуран е првиот „Ангел“ на „Victoria’s Secret“ кој не ја носи големината  „S“. Тоа го докажа компанијат со потпишувањето на договорот со „Alexina Graham“, која видно носи поголем конфекциски број од „S“.