„Lenovo Z6 Pro“ со неверојатна 100 мегапиксел камера | Trendseteri
Menu

„Lenovo Z6 Pro“ со неверојатна 100 мегапиксел камера

Лудилото за повеќе мегапиксели не стивнува


Борбата за мегапиксел повеќе кај камерите на паметните телефони оди во следен круг. Леново го најави својот „Гладијатор“ на овогодишниот саем „Weibo“ во Кина. Паметниот телефон „Z6 Pro“ на Леново кој ќе биде достапен од 23 април за своите корисници ветува одлични перформанси. Тој ќе биде првиот телефон чии камери ќе надминат 100 мегапиксели. Но да бидеме на чисто. Една леќа сама не може да постигне таква висока резолуција. Леново ќе користи трик со кој куад-камерата т.е. четирите камери заедно со помош на софтвер ќе овозможат,  фотографиите да постигнат толку висока резолуција. 

Според „GizmoChina“, производителот не сакаше да открие како се поставени и какви се  поединечните леќи. Досегае е јасно дека само една од леќите ќе ја постигнува резолуцијата од 48 мегапиксели. За споредба: Во сегашниот лидер на паметните телефони, Huawei P30 Pro, главната леќа постигнува 40 мегапиксел. Повеќе детали за можностите на камерата на Леново „Z6 Pro“ за жал се недостапни, иако започнува продажбата почетокот на следната недела. Впрочем, со сигурност може да кажеме дека ќе има посебен сензор за ноќни фотографии и широкоаголен објектив кој може да фотографира до 125 степени.  За предната камаре за т.н. селфи сè уште нема никакви информации. 

Вака изгледа задниот дел на Леново „Z6 Pro“

Освен за камерата, може има и информации на функциите на „Z 6 Pro“. Процесорот, т.е.срцето на мобилниот е Snapdragon 855, кој е актуелно во сите врвни мобилни телефони вграден. Тој треба да биде до 12 GB RAM меморија во зависност од моделот. Исто така е инсталиран 5G модул.

Кога и по која цена ќе биде кај нас достапен, нема конкретни информации.