Лек за МАМУРЛАК | Trendseteri
Menu

Лек за МАМУРЛАК

Photo: Paul von Stroheim

Секоја помош ни е добредојдена кога се во прашање вакви денови

 
Одличната вечерна забава неретко се претвора во утринска главоболка, мачнина, замор и останати симптоми кој спаѓаат под состојба која ја нарекуваме мамурлак.
 
Иако е препорачливо да не се поминува количината која не би предизвикала проблеми, ретко кој вистински останува на две пијачки, барем кога е добра забава во прашање.
 
Ако спаѓате во оваа група, издвоивме неколку намирници кои со сигурност ќе ви помогнат да се изборите со мамурлакот кој ве затекнал.
 
Цеден сок
Витаминот C и фруктозата помагаат на црниот дробда го разгради алкохолот и да ги исфрли токсините од организамот.
 
Изотонични пијалоци
Алкохолот доведува до дехидратација, што предизвикува главоболки и лош здив. Изотоничните пијалоци содржат електролити кои се потребни за потполна хидратација на организамот. Подобри се од кафе и чај, со оглед на тоа што иако овие два пијалоци даваат енергија, делуваат како диуретици.
 
Млеко
Со помош на калциумот кој го содржи млекото ќе го смирите желудникот, а исто така представува богат извор на аминокиселини кои ќе потпомогнат во разложување на алкохолот.
 
Јајца
Ако неможете да станете на нозе, потребен ви е доручек кој содржи јајца. Тие се исто така богат извор на аминокиселини. 
 
Сок од домати
Кога пиете алкохол го намалувате нивото на минерали потребно за баланс на организамот. Кога тоа се намалува доаѓа до главоболки и мачнини. Сокот од домати содржи големи количини од овие минерали, така што ќе ве врати во нормала.