Хороскоп - Лав | Trendseteri
Menu

Лав

Лав

 

23. Јули – 23. Август

 

Лав – жени

Кога жената Лав влегува во просторијата, можете да бидете сигурни дека вниманието на присутните ќе биде свртено кон неа, нешто што таа го очекува. Нејзе ѝ се потребни сцена и луксуз за да може да ја изрази својата пријателска и креативна природа.
Таа со задоволство доминира во врската и со тоа смета дека во љубовта сè  е како што треба. Таа е избувлива, непредвидлива, заводлива и се вљубува со задоволство често.

Лав – мажи

Лавот е хороскопски знак на кралевите – мажите Лавови се алфа-мажјаци кои се полни со самодоверба, храброст и гордост. Жената на која ѝ припаѓа неговото срце ќе го добие светот под своите нозе. Тој е приврзан, голем љубовник – и со тоа лојален и верен.
Од својата партнерка очекува апсолутна лојалност и може да биде многу љубоморен и патријархален.