Лејди Гага со хит фризура и настап полн со емоции посветен на нејзината тетка | Trendseteri
Menu

Лејди Гага со хит фризура и настап полн со емоции посветен на нејзината тетка

Лејди Гага со хит фризура и настап полн со емоции посветен на нејзината тетка

 

 

Лејди Гага повторно во центарот на вниманието. На одржувањето на традиционалното, 60-то по ред доделување на “Греми” наградите се појави со гламурозна креација од брендот “Armani Prive”. Се работи за комбинезон од тантела и огромно здолниште од тул кое се отстранува по потреба. Така, на црвениот килим ја видовме со него, но потоа во текот на вечерта до израз дојде комбинезонот.

Но она што најмногу го привлече вниманието беше нејзината фризура. Лејди Гага имаше внатрешна плетенка, преку која беше ставена црна врвка. Сите се воодушевија од нејзиниот комплетен изглед, а ваквото решение за косата го сметаат за апсолутен хит на вечерта, зад кое се потпишува фризерот Фредерик Аспирас.

Како “шлаг на тортата” беше и нејзиниот емотивен настап посветен на нејзината тетка. Таа настапи по огнениот спектакл на Кендрик Ламар и ја смири атмосферата со настап на пијано.

“Ова е за постарата сестра на мојот татко, Џоен” – кажа Лејди Гага пред да ја започне моќната преработка на песните “Joanne” и “Million Reasons”.

 

Пијаното на кое Гага настапи беше претворено во ангелски крилја, а целата сцена беше затемнета.

Погледнете го настапот со кој Лејди Гага ги расплака присутните на доделувањето на “Греми” наградите:

Park Hotel & Spa

Хороскоп за месец на Близнаците со Тамара

Месец на Близнаци
DejaVu Capitol Mall