Ентериер од соништата | Trendseteri
Menu

Ентериер од соништата

Најубавата куќа во Истанбул


Оваа куќа изгледа како да излегла од приказните за 1001 ноќ …афтентична, старинска, боемска, ориентална, магична! Истанбул е импресивен град кој лежи на два континента и раскрсница помеѓу Истокот и Западот, богатство и сиромаштија, христијанство и муслиманство. Дом е на величенствени куќи, а една од нив го привлекува вниманието значително повеќе.

Сместена на Босфор, со раскошна палета на украси, егзотични бои и старински намештај мислиш секој момент ке се појави Величествениот Султан Сулејман. Куќата е во сопственост на Сердар Гулгун-филантроп и бизнисмен, а во неа нема ни трошка модерна технологија, па шетањето низ неа е како да патуваш низ времето.

Неодамна е реставрирана и самата реставрација траела околу 7 години, а изградена е 1850година. Свиленкаст бел мермер, рачно изработени теписи од Мароко, бели софи и порцелански вазни се само дел од ентериерот кој одзима здив. При реставрацијата се воделе по тоа да куќата го задржи целокупниот старински дух.

Од сите простории најголемо внимание предизвикува собата за одмор и релаксација, а сопственикот ја нарекува Белведере. Во неа доминираат црвени ивиолетови тонови со ниски бели софи и поглед на Босфор.

кликни тука за галеријата