Женски комбинации со старки за секоја пригода | Trendseteri
Menu

Женски комбинации со старки за секоја пригода

Старките се модниот финиш на секоја урбана комбинација


Старките се модниот финиш на секоја урбана комбинација, па и ова лето остануваат на актуелната, тренди сцена помеѓу жените.

Лесни се за комбинирање и со класични панталони, и со фармерки. Посебно сексапилно делуваат на разголени нозе во кратко фустанче или тексас здолниште.

Ако работното место ви дозволува, лесно може да ги носите и со комплет одело или сако, за малку поелегантен изглед.

Изборот е огромен, а инспирацијата непресушна. Како ќе носиме старки ова лето?