Моника Коцарева на Fashion Weekend | Trendseteri
Menu

Моника Коцарева на Fashion Weekend

Креациите на Моника Коцарева на овогодишниот „Fashion Weekend“

 

Младата модна креаторка Моника Коцарева со нејзиното модно студио „Atelier Kocareva“ и колекцијта „Art Deco“ со одлична ревија на овогодишниот „Fashion Weekend“ во Скопје со тема вечерен гламур од 20-тите.

1920-тите е деценија во која модата стапила во модерната еракаде жените ја напуштиле ограничувачката мода од минатите годиниОблекитекои ги носиме денесво најголем делсе уште сезасноваат на оние кои ги носеле во 20тите години штопретставуваше голема инспирација за темелноистражување на оваа тема.

Колекцијата „Art Deco“ може да се каже дека е женственаделикатна и раскошназатоа штораскажува приказна за токму таквабезвременскажена изразена преку софистициранагламурозна а смела визијаСекое парче е индивидуализираноизработено од уникатни материјали (природнипердувирачни везови) и на посебен начин гоотсликува совршениот стил на 20-тите години, каде кроевите совршено ја истакнуваат женственоста.

Жените со храбар карактер, кои го сакаат сето она што е поразлично, иновативно, не секојдневно се таргет група за оваа колекција. Оние кои се полни со самодоверба. Храбри и сакаат да преземат акција. Нивниот ентузијазам и динамичност се доволно силни двигатели за да излезат од стереотипниот вид на облекување кое многу ни се наметнува.

Во соработка со „Goran Papazz“ и „Safet Amet“, Коцарева е на добитната страна.

Погледнете ја колекцијата „Art Deco“. Другите колекции на Моника Коцарева може да ги следите на Facebook и Instagram