Модна револуција – Кендал Џенер е ѕвездата на црвениот тепих во Кан | Trendseteri
Menu

Модна револуција – Кендал Џенер е ѕвездата на црвениот тепих во Кан

Модна револуција – Кендал Џенер е ѕвездата на црвениот тепих во Кану

 

Познатите дами секојдневно пробуваат да привлечат внимание врз себе со нивното облекување, прилика за тоа беше црвениот тепих во Кану каде присуствуваа бројни актерки, манекенки и пеачки кои сакаа да бидат видени од јавноста. Во ваква остра конкуренција не е така лесно да се привлече внимание врз себе, но младата реалити ѕвезда Кендал Џенер успеа во тоа!

Откако се прошета со фустанот на брендот Giambattiste Valli со цветен дезен дополнет со дијамантски обетки и златни сандали, таа повторно ги изненади сите присутни со нејзиниот стајлинг. Потоа излезе со втората нејзина комбинација на краток шорц џинс и сатентски кроп на едното рамо.

 

На крај таа излезе со уште една необична комбинација. Имено, таа облече црни лакирани панталони, едноставни салонки и два спортски градници.

И додека многумина се зачудија за овој моден избор на Џенер, оние што веќе се упатени потсетуваат дека модната куќа “Valentino” уште на почетокот на годината ги претстави моделите кои имаат градник преку облека.