Казна за Рамос! 200.000 потпишани на петицијата до ФИФА и УЕФА | Trendseteri
Menu

Казна за Рамос! 200.000 потпишани на петицијата до ФИФА и УЕФА

Казна за Рамос! 200.000 потпишани на петицијата до ФИФА и УЕФА

 

На веб страницата Change.org се појави петиција во која се бара од УЕФА и ФИФА да го казнат одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, Серхио Рамос поради намерно повредување на најдобриот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах.

До овој момент на петицијата се потпишале околу 200.000 луѓе, но бројката вртоглаво расте од секунда во секунда.

Во описот на петицијата се вели дека освен повредата на Салах, каде што намерно го држи за рака, Рамос во неколку наврати симулирал фаули врз него, што доведе до тоа Мане да добие жолт картон, кога тој тоа не го заслужи.

Според организаторот на петицијата, потпишан како Мохамед Салах Абдел-Хакин, УЕФА и ФИФА треба да преземат мерки против Рамос и сличните играчи како него, користејќи видеа од натпреварите за да се сочува духот на играта.

Погледнете што изјави трнерот Јирген Клоп за Рамос на неговиот Facebook профил: кликни тука

Традиционална српска кујна за вистинските гурмани

Mесец на скорпиите

Месец на скорпиите