Карневалот во Рио 2018 – вистински спектакл, експлозија на бои и звуци | Trendseteri
Menu

Карневалот во Рио 2018 – вистински спектакл, експлозија на бои и звуци

Карневалот во Рио 2018 – вистински спектакл, експлозија на бои и звуци

 

 

Два дена на прочуениот Самбадром траеше дефилето на најдобрите самба училишта во Рио Де Женеиро. Парадата која има натпреварувачки карактер е централен момент на карневалот во Рио Де Женеиро.

Бескрајната маса од повеќе од два милиони луѓе кои танцуваат, ритамот на самбата и шаренилото од костими, предизвикуваат експлозија од бои и звуци карактеристични за најмасовниот карневал во светот. Затоа и домаќините гордо го нарекуваат својот прочуен карневал како најголемата забава на светот.

 

Во Рио де Женеиро за карневалот годинава се очекуваат 6 милиони посетители, меѓу нив 1,5 милиони туристи. Зенитот на карневалските прослави е парадата на елитните самба училишта, која во изминатите два дена се одвиваше пред 72 илјади гледачи на прочуениот карневалски стадион- Самбадром.

 

Карневалот во Рио де Жанеиро започнал да се одржува пред повеќе од 150 години, кога доселениците од Португалија парадирале по улиците на градот танцувајќи на европска музика, како полки и валцери, а на почетокот на дваесеттиот век, работничката класа, главно домородно население, ја создало самбата и тогаш карневалот го добил денешниот лик.

Карневалската парада ја сочинуваат дванаесет претходно избрани училишта за самба, а целиот настан всушност е натпревар помеѓу нив. Училиштата за самба можат да бидат вистински училишта за изучување на танцот или групи од пријатели или соседи кои сакаат да учествуваат. Секое училиште одбира тема која ја претставува преку костимите, танцот и музиката. На крајот од карневалот, жирито го избира победникот, кој добива право уште еднаш да го изведе своето шоу.

Погледнете ја галеријата…

Park Hotel & Spa

No comments

Напишете коментар

NOA Lounge Bar - Ohrid