Најскапиот "SUV" во светот | Trendseteri
Menu

Најскапиот „SUV“ во светот

Со цена од 4 милиони евра ја засенува целосната конкуренција

 

Заборавете ги „Rolls Royce“, „Bentley“, или останатите луксузни теренци. Најскапиот теренец во свет е „Karlmann King“. Иако се произведува во Германија, „Karmann King“ е во сопственост на Кинеската компанија „IAT“. Добро прочитавте. Најскапиот теренец е кинески.

Изграден е на подвозјето на „Ford F-550“ од кој го има и 6.8 литарскиот V10 агрегат со 500 кс.  Со тежина од 6 тона и ширина  од 2.50 м, која е и максималната дозволена ширина за камиони, остава и најголемиот сериски „SUV“, Линколн Навигатор да изгледа како играчка во споредба со него.

Купецот добива многу луксуз и блиндирано возило. Во внатрешноста наликува на Лас Вегас. Многу гламур, врижидер и ред друга додатна опрема покушава да ја оправда цената.

За прв пат беше презентиран на автомобилскиот саем во Дубај крај 2017та година. Ќе се произведат само 10 возила кои веќе се продадени.

Погледнете го видеото и галеријата, бидејќи ретко ќе ја има некој таа среќа да го види во живо

 

 

Прв детски саем во Скопје   Park Hotel & Spa

Mесец на лавовите

Месец на Раковите
NOA Lounge Bar - Ohrid