"Кариера Плус" – центарот за креативни курсеви прославува 4 години постоење | | Trendseteri
Menu

“Кариера Плус” – центарот за креативни курсеви прославува 4 години постоење

“Кариера Плус” – центарот за креативни курсеви со роденденска фотосесија

 

По повод четвртиот роденден тимот на едукативниот центар „Кариера плус“ деновиве организира низа настани и проекти, меѓу кои и фотосесија. Шминка за снимањето ја подготвија менторите од центарот, Марија Ленчевска и Драган Гоцев, а за стајлинг на косата се погрижи курсистката Ирена Костадинова. Како модели во роденденската фотосесија се јавуват ученички од курсот за професионална шминка Јасна Постоловска и Моника Костовска, како и македонските балерини Матеа Киселичка и Анастасија Данчевска.

“Роденденската фотосесија беше дел од тие проекти каде нашите ментори од курсот за професионална шминка заедно со наша курсистка од курсевите за убавина и се разбира тимот на „Кариера плус“ резултираа во неверојатни фотографии кои нашите поддржувачи имаат можност да ги видат. Шминката која ја изработија нашите ментори е воедно одличен изглед за сите идни матурантки, апсолвентки и секој кој сака да изгледа неверојатно и тренди. Нашите ментори Марија Ленчевска и Драган Гоцев веќе подолго време се посветени на едукација и тоа резултира со огромен број на курсисти кои задоволни ги завршуваат своите обуки и веднаш започнуваат со работа. Бидејќи изгледот не може да биде комплетен без одличен стајлинг на косата за тоа се погрижи нашата курсистка Ирена Костадинова. Таа заврши четири обуки од нашата понуда на курсеви за убавина и денес живее и работи во Гевгелија во сопственото фризерско студио „Албатрос“. Центарот „Кариера плус“ се гордее со бројот на успешни професионалци кои преку нашите обуки ја започнаа својата кариера и сеуште работат активно и со огромна љубов кон својата професија. Тоа ни дава огромна желба и енергија да продолжиме понатаму со исто темпо и со нови дела кои ќе бидат пример за нашата посветеност” -велат од „Кариера плус“.

Како место за креативни курсеви „Кариера плус“ е единствен во Македонија со специјализирани и професионални курсеви од областа на модата и убавината.
-Од самиот почеток сме посветени на едукација и професионална надобразба на секој курсист кој влегува низ вратите на нашиот центар и како такви продолжуваме понатаму-додаваат од центарот.

Four - Духот на италијански специјалитет

Mесец на вагата

Месец на Раковите