Како се сака жена која поминала низ пекол во минатото | Trendseteri
Menu

Како се сака жена која поминала низ пекол во минатото

Сакајте ја кога е нежна, но уште повеќе кога е бесна

 

Како да ја сакаш жената која поминала низ пекол во животот?
Некои успеваат, но повеќето не.

Ако не сте силна личност, не би требало да се обидувате да ја сакате оваа жена, мора да бидете трпеливи и еластични. Ако не сте одлучиле, тогаш немој ни да се обидувате. Ќе направите уште полошо.

Жена која поминала низ тежок, пеколен период, е контрадикција, понекогаш е нежна, кревка, а понекогаш жестока и бесна. Таа ќе ве оттурне од себе ако пробате да и се приближите. Непредвидлива е и морате да бидете спремни на ритам.

Сакајте ја кога е нежна и чувствителна, но повеќе сакајте ја кога е бесна и жестока.

Таа сака свој простор, но сака и вие да сте и во близина исто така. Ваквата жена не знае да пронајде рамнотежа, помогнете и. Дадете и до знаење дека сте тука, но немојте да ја гушите, потсетете ја дека е сакана.

Таа е будна додека вие спиете, се труди да ги совлада демоните во нејзиниот ум и да најде мир за да биде со вас. Сака да држи се под контрола, но не секогаш може да стигне до таму.

Таа сака да биде храбра, да се соочи со светот со дигната глава, но не е секогаш доволно силна. Ако изгледа исплашено, цврсто држете ја, ако ве оттурне, држете ја поцврсто.

Се прашува дали е доволна, се прашува да не е премногу. Оваа жена која поминала низ пекол, незнае да пронајде рамнотежа, помогнете и, чувајте ја и сакајте ја.

Кога се смее, светлина зрачи длабоко во неа, но кога е тажна темни облаци се надвиснати над неа. Сакајте ја секогаш, покажете и што е безусловна љубов.

Ако можете да ја сакате оваа жена во добри и лоши времиња, таа ќе порасне и ќе го пронајде сопствениот баланс. Таа ќе биде силна жена која секогаш ќе ве сака. Само запаметете, кога незнае како да ви покаже љубов, покажете и вие први и таа ќе ве следи.