Како исхраната влијае на кожата | Trendseteri
Menu

Како исхраната влијае на кожата

Како исхраната влијае на кожата

 

 

Тенот на кожата е нешто што ние луѓето прво го приметуваме кај другите луѓе, а здравјето на твојaта кожа многу кажува за начинот на кој се храниш. Колку си поздрав внатре толку повеќе тоа се покажува на кожата.

Мозолчиња и акни

Мозолчињата и акните се почести во пубертет, особено кога постојат хормонални промени. Но и адолесцентите можат да страдаат од овие појави на кожата. Храната што содржи високо ниво на процесирани јаглехидрати и состојки (чоколади, пици, помфрит, грицки) придонесува за хронична инфламација доколку се конзумира секојдневно. Оваа инфламација си тлее секојдневно и е поврзана со многу здравствени проблеми како и појавата на акни и мозолчиња.

Сончево влијание и брчки

Текстурата и еластичноста на твојата кожа е најмногу одредена од протеините, колагенот и еластинот што лежат веднаш под површината на кожата. Се што придонесува за оштетување на овие нутриенти помага за брзо стареење и збрчкување на кожата. Една од причините зошто е важно да ја штитите вашата кожа од УВ зрачењето е тоа што овие зраци придонесуваат за создавање на слободни радикали во телото што многу брзо го уништуваат колагенот и еластинот и ве прави да изгледате постаро од што вистински сте.

Каде доаѓа исхраната

Антиоксиданси — соединенеија што се наоѓаат во овошјата и зелнчуците — помагаат во борбата со слободните радикали. И постои тесна поврзаност на присуството од антиоксиданси и текстурата на кожата. Колку повеќе антиоксиданси односно овошје и зеленчук, толку помазна и свежа кожа.

Храна што придонесува за здрава кожа

  • Риба е одличен извор на протеин, што твоето тело го користи за создавање на колаген и на еластин. Рибата дополнително содржи и омега-3, масни киселини кои помагаат да се редуцира инфламацијата.
  • “Добри” извори на јаглехидрати како што се овошја, зеленчуци и мешункасти плодови (грав, леќа, боранија, грашок…). Колку можеш повеќе изолирај го внесот на бели пецива и процесирана храна.
  • Потемно обоени овошја и зеленчуци во својот состав имаат состојки наречени каротеноиди. Некои од нив може да се конвертираат во витамин А, што помага во регенерацијата на клетките на кожата. Ова е од круцијално значење ако го земеме во предвид фактот дека дневно на нашата кожа умираат 30.000–40.000 клетки. Многу овошја и зеленчуци се исто така и добар извор на витамин Ц без кој не може да се случи создавањето на колаген и еластин. И каротеноидите и витаминот Ц се борат против слободните радикали што ги прави исклучително важни за здравјето и изгледот на кожата.
  • Јатки и семиња особено бадеми, ораси, лелено семе и чиа се одличен извор на омега-3 масните киселини и одличен извор на антиоксиданси.
  • Многу течности се потребни за да можат сите овие нутриенти да се носат до клетките на кожата и истовремено да се исфрла “ѓубрето од кожата”. Не заборавај да внесуваш доволна количина на вода и незасладени чаеви кои ќе придонесат до нормално функционирање на процесите и транспортот низ телото.

The better nutrition