Како да се заљуби во вас | Trendseteri
Menu

Како да се заљуби во вас

На ваков тип жена, мажите не можат да им одолеат

 

Можете да го натерате секој маж да се заљуби во вас и за тоа не ви треба кратко здолниште, големо деколте или било што друго, потребно ви е само да сте интлигентна и да послушате неколку совети. Терапевтот Џоан Бротел наведува дека е непотребно да поминете саати во дотерување и спремање пред состанок, ако не сте свесни како вашите емоции управуваат со вашето однесување, затоа што тоа може сè да расипе ако не умеете да се прилагодите на ситуацијата.

За да успеете да ја развиете вештината на емоционална интелигенција, потребно е да вложите многу повеќе труд наместо напорот вложен во фустан и фризура за состанок.

 

Еве неколку начини како да го постигнете тоа и да бидете едноставно неодолива:

Бидите самоуверена и самосвесна

Многу е важно и ни малку не е лесно да ја идентификувате, да ја процените и контролирате својата емоција во моментот кога се случува. Кога ќе успеете во тоа, ќе можете подобро да управувате со своите емоционални реакции кои може да делуваат на луѓето околу вас односно може да го избркаат или привлечат мажот со кој сте на состанок.

Подобрете ја самоконтролата

Кога веќе сте свесни за тоа како се чувствувате, можете да поминете на следниот чекор-како подобро и на кој начин да управувате со своите емоции. Длабоко вдишете и издишете, тоа ке ви даде време да ја разбистрите главата, па потоа можете да продолжите со комуникацијата со потенциалниот партнер.

Размислете за мотивацијата

Емоционалната интелигенција значи да имате кристално јасни цели и позитивно однесување за да привлечете позитивни работи.Размисете за тоа што ве мотивира за да оставите добар впечаток и дали вистина го сакате тоа или сте на состанок за да ви помине времето.

Бидете свесни за туѓите чувства

Кога ќе можете да разберете како се чувствуваат другите, тоа многу ќе ви помогне во меѓучовечките односи а и во љубовта. Со можноста на разбирањето на туѓите состојби и чувства, ќе можете подобро да разбете што точно бара партерот од вас.

Изострете ги своите персонални вештини

Социјалните вештини имаат важна улога во изградба на стабилна, здрава и силна љубовна врска.
Поставете си прашање:

– Дали комуницирате доволно јасно или партнерот мора да погодува што вие мислите кога ќе превртите со очите?

– Дали го зимате во обзир неговото мислење дури и кога е спротивно од вашето, затоа што сакате да најдете заедничко решение?

Терапевтот истакнува дека секому е потребно повеќе од еден состанок за да разбере што му е потребно на партнерот и кои се неговите слаби, а кои силни страни. Дека вистина треба многу да се вложи за да се поврзете на длабоко емоционално ниво и дека доколку се потрудите – тој нема да остане рамнодушен. Тогаш повеќе навистина не е битно каков фустан сте облекле.