Како да избегнете поправање за викенд | Trendseteri
Menu

Како да избегнете поправање за викенд

Како да избегнете поправање за викенд

 

 

 

Не зависно каде сте во моментов со вашиот резултат и цел, претерувањето со храна и пиење за време на викенд не треба да биде комплицирана мисија. Нема потреба ништо да менувате од стандардниот дневен план на оброци, и наместо да имате цел викенд полн со грешки и “junk food” имајте само 1 оброк или вкупно 2 бидејќи е викенд нели.

Неверојатно е колку брзо може да го изместите вашиот резултат и килажа за само 1–2 дена, а потоа да ви е потребна цела недела да се вратите назад. Јас верувам дека не постои никаква причина зошто во викенд не би практикувале правилна исхрана и вежбање. Сепак, барем имаме и повеќе слободно време да се организираме за тоа. Секако дека после напорна недела можеме да си дозволиме 1–2 оброка што ни се омилени, а знаеме дека е надвор од програмата. Но губење целосна контрола може да биде катастрофално и да ве донесе до момент на разочарување дека пак треба одново да почнете и цела наредна работна недела да трошите и поправате за грешките во викендот. Кои блиц совети би ви ги дал кога се работи за предизвиците на викендот:

  • Не прескокнувајте оброци со цел да не внесете многу калории или да мислите дека со тоа ќе си овозможите да изедете повеќе навечер кога сте излезени со друштво.
  • Ужинките потрудете се да ви бидат протеински со што би оставиле повеќе простор за шеќерите од алкохолот и ќе оддржите поголема ситост како би избегнале прејадување.
  • Останете активни со физичка активност или доколку ви е проблем да одите во фитнес центарот или вашето студио за вежбање пробајте високо интензивен 15мин тренинг дома со некое видео од youtube. И пробајте да бидете активни во град со играње и пешачење ☺.
  • Внимавајте со алкохол и избегнувајте обоени жестоки пијалоци и сокови. Моја препорака се виски и вино.
  • Појадокот направете го бомба од нутриенти

За крај се останува во ваши раце и вашиот катактер колку ќе може да ги совладате предизвиците или ќе си кажете “ајде од Понеделник ќе се вратам пак на програмата”. Тоа е најголемата лага што може да си ја кажете.

 

The better nutrition