Најуспешно до сега четврто издание на Health, Fitness & Wellness Expo! | Trendseteri
Menu

Најуспешно до сега четврто издание на Health, Fitness & Wellness Expo!

Викендов се одржа четвртото издание на најголемиот настан за здрав и активен животен стил

 

На големо задоволство на јавноста, викендов се одржа четвртото издание на Health, Fitness & Wellness Expo, најголемиот настан за здрав и активен животен стил.

„Секоја година сè подобри“ – велат од организација. „Имаше одличен одзив, што посебно нè радува, бидејќи покажува дека јавноста се повеќе се грижи за своето здравје, здрави навики и за активен животен стил. Викендов го одбележа позитивна атмосфера, полна со насмеани луѓе, прекрасни активности и многу позитивни коментари од посетителите и учесниците.“

Програмата изобилуваше со отворени активности, од вежбање, до приготвување на здрава храна, масажи, боречки вештини, нутриционизам и суплементи, стручни докторски совети за здрав животен стил и многу други содржини. Детското катче со опуштена и пријатна атмосфера, учевме за здрава храна за деца, спортски и рекреативни активности, играчки, и многу други активности. Игравме народна, селектиравме отпад за рециклирање, уживавме во содржините кои ни ги приготвија околу 50 учесници на настанот. За прв пат во Македонија во беспрекорна организација низ соработка на Моментум и Champions House се одржа и прв меѓународен Street Workout натпревар кој ги примами и задржа посетителите низ импресивна демонстрација на физичка и психичка подготвеност на сите фантастични учесници.

Имавме можност да посведочиме за развојот на еден млад македонски талент во „Slackline“ – Филип Петрески, благодарение на Sport Inn и нивната несебична поддршка и поттик во усовршувањето во оваа дисциплина. Публиката беше одушевена од големото Slackline шоу, а со голема гордост можеме да кажеме дека имаме талент кој може да застане рамо до рамо со светските pro-rider-и! Ви благодариме, Gibbon Slacklines Macedonia!

Како помина настанот погледнете низ фотографиите од двата дена, а наскоро очекувајте и видео кое ќе биде објавено на официјалната Facebook фан страна.

Се гледаме следната година!

Галерија…
прв ден втор ден

Four - Духот на италијански специјалитет

Mесец на вагата

Месец на Раковите