JLo - случајно го покажа вереничкиот прстен | Trendseteri
Menu

JLo – случајно го покажа вереничкиот прстен

Џенифер Лопез ненамерно си го покажа вереничкиот прстен

 

Латино дивата и нејзиниот партнер се заедно од март 2017 година. По се изгледа дека Џенифер Лопез конечно ја пронајде вистинската љубов. Во врска е со екс бејзбол играчот Алекс Родригес, кој ја прави посреќна од било кога.

Парот секојдневно објавува свои заеднички фотографии на социјалните мрежи, а на јавните настани се појавуваат како семејство, Џенифер со нејзините деца и Алекс со неговата ќерка.

Алекс објави кратко видео со Џенифер на својот инстаграм профил, но на сите во очи има падна големиот дијамантски прстен на раката на убавата пејачка, кој мора да признаеме е многу впечатлив.

Обожавателите веднаш почнаа да има честитаат на парот, но тие сеуште не објавиле дека е во прашање веридба.