Jelena Spendzarska и Instagram | Trendseteri
Menu

Jelena Spendzarska

За Јелена е без конкуренција…

 

Атрактивната водителка од утринската програма на Канал5 изјави на нејзиниот Facebook профил дека е Instagram апликација без конкуренција. Кога ќе се погледне нејзиниот Instagram профил, ќе стане јасно зошто е тоа така за Јелена.

jelena-instaНие од trendseteri.com мислиме дека токму Јелена е без конкуренција. Со нејзиниот стајлинг, убав изглед и шармантната појава може комотно да стане заштитно лице на trendseteri.com. Таа е водич и трендсетер за урбаниот изглед. По храбриот и несекојдневниот аутфит е позната. Секогаш средена, истакнувајќи го најдоброто од себе.

Младата беровчанка е заштитен лик на еден спортски бренд и репрезентант на моден бутик. Со многу напор и спорт го одржава убавото тело. Но и Јелена, како и секој друг нормаленjeci човек, не може стално да одолее на благо. Тоа и јавно го покажува на одредени фотографии по социјалните мрежи.

Каде и да ја сретнеме Јелена, блеска со нејзината појава. Стално позитивна, насмеана и дружољублива. Дефинитивно го збогатува етерот на македонската ТВ понуда . Но ако мислите дека треба повеќе водителки во стилот на Јелена да има, нема да може, бидејќи само една е „Јеци“.

Можевме да прикачиме галерија со бескрај слики. За повеќе ќе треба да ја следите на Facebook или Instagram