Хороскоп - Јарец | Trendseteri
Menu

Хороскоп – Јарец

Љубовен хороскоп за Јарец – месец март 2018та

 

Јарец 22.12 – 20.01

Позицијата на повеќето планети во вашето поле на роднински и соседски односи го става фокусот месецов во овој правец. Со самото тоа и приликите за емотивни познанства ќе ги најдете во непосредна близина, во соседството, преку познанства кои доаѓаат од ваши роднини, но најважно е дека најинтензивните емотивни приказни доаѓаат во правец на патник, некој кој патува, се враќа или заминува на пат. Оние кои се во можност, љубовта нека ја побараат на некое кратко патување. Оние, пак кои се во стабилна врска ќе имаат потешкотии во комункацијата поради нагласеноста на елементот на Риба, кој сам по себе е конфузен, нејасен, па со самото тоа и комуникацијата е отежната. Оставете ги крупните промени и важните одлуки за втората половина од следниот месец. Младата Месечина во вашето поле на комуникација ви носи можности да ги разјасните недоразбирањата во кои сте се вплеткале на почетокот од месецот.

Поволни датуми: 2,3,11 и 12.
Неповолни датуми: 22,23 и 31.

Park Hotel & Spa

Хороскоп за месец на Близнаците со Тамара

Месец на Близнаци
DejaVu Capitol Mall