"Irina Shayk" со куфери го напушти семејниот дом | Trendseteri
Menu

„Irina Shayk“ со куфери го напушти семејниот дом

По чести шпекулации, „Irina“ го напушти „Bradley“


По гласините за неверојатната хемија помеѓу „Bradley Cooper“ и „Lady Gaga“, „Irina Shayk“ реагираше смирено и трпеливо, но работите се променија.

„Irina Shayk“ беше фотографирана пред семејниот дом како внесува куфери во својата лимузина.

Во медиумите осамнаа информации дека таа се иселува од куќата што ја делеа со „Bradley Cooper“.

33-годишниот руски модел изгледа навистина го напушта познатиот актер со кого ја има 2-годишната ќерка „Lea De Seine“.

Таа беше фотографирана без свршеничкиот прстен на раката.

Парот се состануваше од 2015 година, но никогаш не стана збор за свадба.