iPhone7 | Trendseteri
Menu

iPhone7

 

Пристигна новиот iPhone7 во Македонија

 

Конечно новиот iPhone официјално во Македонија!
iStyle кој е единствен официјален дилер и сервисер за производите на Apple има чест да ве покани на официјалното полноќно лансирање на iPhone 7. Оваа Среда почнувајќи од 23:00 часот во продавницата на iStyle во Скопје Сити Мол, правиме забава по повод лансирањето на овој продукт! Забавата ќе ја водат Гораст Цветковски и Сашко Коцев, а ќе има подароци и за присутните.

Точно во 23:59:59 сите оние кои направиле преднарачка си имаат загарантиран iPhone 7 + подарок ќе можат да ги подигнат и да се пофалат пред другарите! Сите оние кои немаат направено преордер ќе можат тоа да го сторат на лице место. Но се разбира побрзајте затоа што побарувачката за iPhone 7 е голема!

Ќе има музика, дружење, многу муабети за гаџети и технологија и се разбира наградни прашања од светот на Apple. Дојдете за да го пречекаме последниот убавец од Apple заедно!