Науката потврдува: паметните луѓе легнуваат касно, оставаат неред насекаде и пцујат | Trendseteri
Menu

Науката потврдува: паметните луѓе легнуваат касно, оставаат неред насекаде и пцујат

Високо интелигентните луѓе често имаат различен поглед кон светот од луѓето со просечна интелигенција

 

Научниците потврдија дека , што поголемо IQ, тоа луѓето се помалку загрижени за секојдневните работи кои многу луѓе ги окупираат, како што се уредност, пристоен говор и одењето на спиење.

1. Пцујат како кочијаши
Иако нивната интелигенција им служи добро да пресудат кога да започнат со пцуење, дефинитивно можат многу да пцујат. Честа предрасуда е кога личност многу пцуе, дека не е доволно интелигентна да одржи пристојна комуникација.
Меѓутоа неодамнешни студии покажаа дека пцуењето е поврзано со речитост и богат вокабулар. Пцуењето зависи од речитоста и вокабуларот што интелигентните луѓе го поседуваат без сомневање.

2. Тие се ноќни птици
Интелигентните природно не легнуваат рано. Што е поголемо IQ кај личноста, тоа ќе имаат поголема навика помалку да спијат.
Децата кои имаат IQ помало од 75 имаат навика да одат во кревет во 23:41 кога се помлади, а децата со поголемо IQ од 125 одат во кревет во 00:29.

3. Живеат во својот организиран хаос
Докажано е дека креативните луѓе имаат неуредни бироа и ако личноста ја ставите во неуредно опкружување, тие ќе добијат повеќе креативни идеи.

Следен пат кога ќе видите интелигентна личност, слободно замислете ја како доцна во ноќта покрај своето неуредно биро, пцујат како кочијаши, додека работат на нови креативни идеи.