Инспирација за декември, како да изгледате совршено!!! | Trendseteri
Menu

Инспирација за декември, како да изгледате совршено!!!

Неколку аутфита кои ќе ви помогнат да изгледате совршено пред крајот на годината

 

Кога се ниски температурите, топлите џемпери, сомотските панталони, длабоки чизми и дебели јакни со пердуви стануваат задолжително парче без кое неможеме, сакале ние или не. Колку и да се трудиме да изгледаме ефектно, тие дефинитивно ја одземаат женственоста и не ни оди од рака…

Или пак не е до толку невозможно?

Пронајдовме неколку комбинации од тренди девојките, чии зимски аутфити се можеби и подобри од оние летните…
Во продолжение погледнете што ние одбравме како најдобро за декември:

 

Стилски капут со ремен
Долгиот капут, бунда или јакна ќе добие нова смисла доколку на него ставите впечатлив ремен!

 

Пончото никогаш не умира
Етното парче, ќе го развесели зимското сивило и ќе го освежи вашиот изглед

 

Ролка + миди анимал принт здолниште
Добитна комбинација која секако ќе ја нагласи вашата женственост!

 

Неутрална класика
Со камел боја капут, фармерки, ролка, како и чизми до глуждот нема да погрешите. Предлагаме вкупниот изглед да го запечатите со ефектна чанта.

 

Кардиган во пинк боја
Со впечатлива боја на вашиот кардиган сигурно ќе го оплемените вашиот изглед.

 

Анимал принт е новата црна
Доколку сметате дека е премногу да носите капут во леопард дезен, секако изберете барем едно парче со овој принт и вашата зима ќе биде многу тренди.