Influencer број еден | Trendseteri
Menu

Influencer број еден

Моника Стојковска, пример за успешен „influencer“

 

„Influencer“, или кај нас познато како „влиајателен“, може да се нарече Моника Стојковска која живее во Германија, која по потекло е од Македонија.

Иако престојува само за кратко време во Македонија, Трендсетери успеа да направи во Охрид, поточно во Хотел Инекс Горица, интервју со неа.

– Трендсетери
Која е Моника Стојковска и зошто не изгледаш како типична Македонка?

– Моника
Пред сè морам да кажам дека ми е чест за тоа што се интересирате за мене и моето работење како инфлуенсер.
Да. Како што може по името да се заклучи, сум со потекло од Македонија, иако не изгледам како што веќе напоменавте како класична Македонка. Татко ми е Македонец од Охрид, кој уште од 1969та се преселил во Германија, каде ја запознал и оженил мајка ми која е Германка. Многу личам на неа и тоа е и разлогот зошто не личам на класична Македонка.
Моето целосно име е Моника Јанина Стојковска.

– Трендсетери
Што може да ни кажеш за твојата влијателност во Германија и како започна?

– Моника
Воглавном користам Instagram од социјалните мрежи и Pinterest кој е малку познат во Македонија. На Instagram ме следат повеќе од 1 милион фанови и се разбира дека е тоа и за во Германија голема бројка.
Сè започна многу случајно. Бројот на фановите преку ноќ ми се зголеми на повеќе од 100.000 само со тоа што објавив слика со Мадона, со која по некој си сплет на околности со една нејзина пријателка а моја другарка, пиев кафе.
Првично не бев ни свесна дека може да се заработува пари со тоа што те следат многу луѓе. На тоа ме упати еден мој драг пријател кој е исто така Македонец и е сопственик на агенција за маркетинг.

– Трендсетери
Какво мислење имаш за влијателноста на социјалните мрежи во Македонија?

– Моника
Има влијателни личности, кој не се од естрадата. Воглавном се користи тоа за политички цели. Има девојки и дечки со повеќе од 100.000 фанови на Instagram за кои не знам дали заработуваат со тоа. Компаниите воглавном користат личности од естрадата како н.п. Марјана Станојковска или Јелена Спенџарска. Но не верувам дека наплатуваат соодветно. Можно и да ја користат во Македонија познатата компензација.

– Трендсетери
Како функционира работата на еден „influencer“ како тебе во Германија и дали може да се живее од тоа?

– Моника
Јас работам директно со пријателот кој ја поседува агенцијата. Агенцијата ми ги наоѓа клиентите, т.е. тие ме наоѓаат преку агенцијата. Дали може да се живее од тоа ме прашувате? Во добри месеци се заработуваат и повеќе од 10.000 евра, па проценете сами дали може да се живее од тоа.

– Трендсетери
Тоа е сериозна бројка. Но колку добри месеци има и кога се лошите, т.е. од што зависат лошите месеци?

– Моника
Кога сум на одмор се лошите (Хахахаха)

– Трендсетери
Велат дека си била дрска со фановите

– Моника
Дрска само со тие што се безобразни. Со останатите сум ангел!

– Трендсетери
За крај би сакале да знаеме дали може да замислиш да го работиш тоа и во Македонија и каков совет би им дала на „нашите“ инфлуенсери?

– Моника
Искрено не размислувам на тоа, бидејќи сум презадоволна од работата во Германија. Можеби во иднина, но како агенција, не како личност. А на нашите инфлуенсери би им препорачала да си ја ценат повеќе влијателноста, затоа што имаат компаниите голем бенефит од нив.