Индијанска поука: тајната на вечна љубов | Trendseteri
Menu

Индијанска поука: тајната на вечна љубов

Тајна – како до вечна љубов

 

Љубовта е слобода на двајца…

Млад пар заљубени Индијанци отишле до поглавицата на племето и одлучно му рекле:

-Ние се сакаме! Сакаме да ни дадеш свој благослов и да не поучиш што да правиме да ни трае вечно љубовта.
-Добро, ќе ви кажам, но пред да тргнете со мене во планината најдете, два орла и земете ги со вас, рекол поглавицата.

Кога стигнале на врвот, поглавицата им дал коноп и им рекол со краевите на конопот да врзат по една нога од орлите.
Тие го послушале.

-Сега пуштете ги да летаат! -рекол поглавицата.

Младите ги фрлиле во воздух птиците, но орлите неможеле да полетаат заради тоа што биле врзани меѓусебно. Паднале на земја и почнале да се клукаат еден со друг, сакајки да се ослободат од конопот со кој биле врзани. Тогаш стариот Индијанец им рекол да го пресечат конопот. Младите го пресекле јажето и повторно ги фрлиле во воздух орлите, но овој пат тие полетале, свртеле неколку круга и се вивнале кон високите врвови од околните планини.

Поглавицата им рекол:

-Ете, тоа е тајната на вечна љубов и среќа. Ако луѓето се заврзани еден со друг, никогаш нема да успеат да полетаат. Вие можете да летате зедно, но без да бидете „врзани“ еден со друг. А ако сепак се врзете нема да можете да ја запознаете вистинската љубов и мирот кој таа го носи.