Знаеш ли кој е идеалниот капут за твојата градба??? | Trendseteri
Menu

Знаеш ли кој е идеалниот капут за твојата градба???

Зима е, значи време е за капут!

 

Зимскиот капут е многу исплатлива инвестиција, затоа што еднаш кога ќе го купиш, ќе го носиш неколку сезони. Меѓутоа како да одберете модел кој најдобро ви одговара?

Ќе ви дадеме неколку совети кои ќе ви помогнат да го одберете совршениот модел за својот тип на градба. Јаболко, круша, песочен часовник или превртен триаголник??? Откриј кој капут е баш за тебе!

 

1. Јаболко
Карактеристики: Округол облик на тело, со мала разлика на градите, струкот и колковите. По малку заоблен горен дел на телото.
Препорачлив модел: Овој тип на градба треба да посегне по поширок модел на капут, како и капути со прав крој. Со додавање на појас на својот капут, визуелно ќе створите струк, кој кај вас не е изразен.

 

2. Круша
Карактеристики: Тесни рамена, мали гради, пошироки колкови од рамената.
Препорачлив модел: Ако вашето тело е од овој тип, прав модел со качулка одговара за вас. Исто така одлично стои militay look.

 

3. Песочен часовник
Карактеристики: Широки рамена и колкови, со тенок и нагласен струк.
Препорачлив модел: Ова тело е идеално за сите капути кои имаат нагласен струк, затоа треба да одберат модел со појас, ремен или кроени така да го нагласат струкот, во спротивно ќе изледате покрупни.

 

4. Превртен триаголник
Карактеристики: Широки рамена и грб, тесен струк.
Препорачлив модел: На оваа градба и ласкаат модели со појас и дефиниран струк, а пожелно е да имаат А крој, со овој модел проверено нема да погрешите.

 

Кај секоја фигура многу е важно внимателно да ја одберете и должината на каутот, затоа што би можела да го наруши севкупниот изглед. Доколку имате кратки нозе, одберете и пократок модел капут, да не ги поминува колената, а доколку имате подолги нозе, можете да одберете капут испод колената или пак до средина на листовите.