trendseteri.com дел од хуманитарниот евент | Trendseteri
Menu

Хуманитарен евент

 

trendseteri.com дел од хуманитарниот евент

 

imag0431Денешниот хуманитарен евент кој се организираше во ресторанот DejaVu во Скопје за собирање на средства за операција за новинарката Маја Велјанова, помина со голем број посетители. Џенан Лончаревиќ, кој имаше синоќа настап во DejaVu, купи 2 фотографии и беше така дел од хуманитарниот настан. Сите средства кои што се собираа од изложбата, одат во целост во корист на новинарката која боледува од рак на коските и и се потребни 16.000 евра за операција во Бугарија.

Настанот е во организација на нејзините колеги фоторепортери, на чело со фотографката Јасна Суша од магазинот „Свет“кои ја започнаа акцијата за собирање парични средства со продажба на ниви фотографии под мотото „Купи фотографија, подари момент“. Фотографиите се сликани од фотографот Горан Десковски на венецијанскиот карневал.

Лево ја гледате фотографијата купена од страна на тимот на trendseteri.com.