Новиот „Huawei Mate 20 Pro“ | Trendseteri
Menu

Новиот „Huawei Mate 20 Pro“

Најмоќниот „паметен телефон“ досега

 

„Huawei“ успешно ја зврши изработката на наследникот на „Huawei Mate 10“. Новиот „Huawei Mate 20“ конечно ќе ја користи технолгијата на безжично полнење која ја користат конкурентите „Samsung“ и „Apple“ веќе повеќе години.

Иако јавно не изложен, новиот модел на „Huawei“ бил позади затворени врати презентиран и присутен на минатонеделниот светски саем „IFA“ во Берлин, каде што го користеле вработените на „Huawei“. Еден од нив бил за миг невнимателен на што ја искористил новинар од италијанскиот Текнофило.ком приликата да го слика во рацете на вработениот. Многу не може да се види, но со сигурност се гледа тројната камера која ќе има 42 MP.

Исто така се објави слика од екранот на која се гледа благо заоблени контури на страничните краеви.

Презентацијата на новиот модел „Huawei Mate 20 Pro“ ќе биде на 16. октомври во Лондон, каде што истовремено ќе биде и објавен новиот чип „Kirin 980“ кој, се разбира, ќе биде вграден во новиот модел.

По првичните информации кои се објавени од страна на компанијата, новиот „Huawei Mate 20 Pro“  има моќна батерија со капацитет од 4,200 ма/ч. Екранот е „AMOLED“ со големина од 6.3″. Уредот е целосен од стакло и ќе може безжично да се полни. Процесорот има  6 GB RAM со 128 GB вградена меморија. За оперативниот систем се користи Android 9. Камерата со моќни 42 MP. Исто така има и т.н. „fingerprint“ кои е поставен на предниот дел на уредот испод екранот.

За тие што сакаат овај звер да го наречат свој, ќе треба да бидат спреми да одвојат околу 850 евра од нивниот буџет.