Хороскоп - Месец на скорпиите | Trendseteri
Menu

Месец на скорпиите

Зошто се плашите од скорпиите?

 

Кога гледаме во една Скорпија, гледаме во една состојба на вечна побуна, во генеза склона да страда… Гледаме во милитаризам, нихилизам, во тоталитаризам, но и утилитаризам… Гледаме во непокорна волја да се оди до крај, во непокорна волја да се истрае. Секако гледаме во состојба на непокор… Гледаме во најкристалниот рефлекс на одбрамбен механизам. Гледаме во најтенките линии кои животот ни го бојат. Светла или темна боја? – зависи која страна кај нив ќе ја разбудите.

Гледаме во најтенката линија меѓу тоа да се живее за оној за кој ќе се умре или само да се живее…
Најтенката линија помеѓу желбата да се победи или стравот да се биде поразен.
Најтенката линија меѓу она што Скорпијата ќе го види и ќе сака да го поседува.
Постојана борба да се владее со својата судбина и со волјата на другите.
Најтенката линија меѓу животот и смртта.
Најтенката линија помеѓу либидото и проклетството кое истото го носи.

Моќ.
Страст.
Предизвик.
Опсесија.
Дубиоза.
Его кое на опасност се радува.

 

Зошто се плашиме од Скорпиите?

Од нивната енормна енегрија?… од непокорната волја?… од снагата која до темел руши, за одново цел свет да создаде?… од желбата да се поседува, за да не се биде поседуван?… од нивната проклета интуиција?… од стравовите во кои и самите се гушат кои еден ден реалност стануваат?… од нивната лудачка страст?… можеби од грубоста која потајно ја посакуваат?… од спремноста да потонат за оние кои ги сакаат?… од спремноста во оган да одат за оние кои ги сакаат?… што пораз никогаш нема да ви признаат… што поразот никогаш нема да ви го простат… што кажаниот збор никогаш нема да ви го заборават…???

 

Што најмногу нè плаши?

Нивниот продорен поглед.
Нивните очи полни страст.
Нивните очи полни страв.
Нивната енергија која вознемирува.
Нивната брутална реалност.
Нивата моќ да ја почувствуваат опасноста.
Нивната моќ да создадат проблем таму каде што го нема…

 

Ова е личност која може и да сака и да мрази во исто време.

Ова е жена која до смрт сака.
Ова е маж кој опсесивно сака.
Ова е опсесивна љубов.
Ова е грубата страна на љубовта.
Ова е постојана желба за задоволство.
Ова е и анимална желба за задоволство.

Ова е приказна во која солзите будат задоволство, гневот раѓа љубов, а љубовта лесно преоѓа во омраза. Приказна во која итекако постои свесност за сопствениот ерос, а и за желбата да опасноста се љуби. Приказна во која убавината не е императив. Приказна во која секој облик на мистерија е предизвик, а тајната е секојдневие. Тајната да, ама лагата не. Ќе ви простат (некогаш), нормално, ако одлучиле да ве сакаат, ама лагата никогаш. Ќе ги излажете еднаш, ќе ги изгубите засекогаш… И не грижете се, ќе бидат тука, кога ќе ви биде најтешко, да ве потсетат на тоа 😉

Ова е критика.
Ова е храброст да таа критика се соопшти.
Ова е сатира.
Ова е надмоќна концентрација.
Ова е сурова реалност.
Ова се сите драми.
Ова се сите детективски романи со непредвидлив крај.
Ова се сите приказни со трагичен епилог.
Ова е говор во час кога некој заминува.
Ова е минута молк.
Ова е остар говор.
Ова е остар ум.
Ова е „отровно“ пенкало.
Ова е деспот.
Ова е санкција.
Ова е и виолентен начин на решавање на проблемите.

Ова е страст која го парализира телото.
Ова е страв кој го парализира телото.
Ова е снага која го парализира телото.

И, да, никогаш не им вртете грб, дури и кога спиете

Збориме за состојба во која на една Скорпија не и е проблем дното да го допре… таму снагата и силата ја црпи. А за да сакаме и за да мразиме потребна ни е сила. Без сила, и љубовта и омразата еден ден ќе не прегазат…
Не се плашиме толку од Скорпиите, туку од она што не сме спремни со нив да го живееме.

Хороскоп на Тамара Грујовиќ

Традиционална српска кујна за вистинските гурмани

Mесец на скорпиите

Месец на скорпиите