Хороскоп Риби | Trendseteri
Menu

Хороскоп Риби

Бизнис хороскоп Риби – Април 2018

 

Мистериозните Риби овој месец ќе бидат исправени пред сериозни искушенија во кои ќе се двоумат меѓу напуштање на работата и напуштање на градот во кој живеат. Оние претставници чија работа е од конспративна природа или работат во институција од затворен тип, ќе имаат најмногу потешкотии да излезат на крај со обврските и со наметнатиот товар кој ќе мораат сами да го носат. Нејаснотии и конфузни настани ќе го одбележат Април за креативните Риби. Од друга страна, оние кои се во постојан работен однос, на средината од месецот ќе им се укаже прилика да направат големи промени и со тоа го зголемат нивото на заработка и можноста за напредување.

Оние чија работа, пак, е поврзана со купопродажба на недвижен имот, инвестиција во истиот и слично, ќе имаат потешкотии се до 20ти во месецот. Па така, астролошки се советува поважните чекори да се носат во последната недела од месецот.

Поволни датуми: 2,3,12 и 16.
Неповолни датуми: 5,6,18 и 19.

 

Овен   Бик   Близнаци   Рак

 

Лав   Девица Вага  Скорпија

 

Стрелец  Јарец  Водолија  Риби