Хороскоп Јарец | Trendseteri
Menu

Хороскоп Јарец

Бизнис хороскоп Јарец – Април 2018

 

И Јарците исто така ќе можат да се пофалат со успешен бизнис месец. Единствената пречка на која би можеле да наидат се долговите кои нема да успеат да ги наплатат. Оние кои работат своја работа, од дома или во приватниот сектор ќе имаат прилика да остварат сериозен приход. Полната Месечина во полето на кариера носи кулминација, но и завршување на оние соработки и проекти кои не носат бенефит. Поволен месец за работа со туѓи финансии, влогови во осигурување, но и продажба на наследен имот. Како за повеќето знаци, така и за Јарците е препорачливо клучната документација да ја завршуваат во втората половина од месецот.

Она што најмногу ќе им влијае на овие претставници е менувањето на движењето на владетелот на овој знак – Сатурн, кој ќе им донесе прилика за увид во сѐ она што изминативе пола година го превиделе. Можност да ги коригираат недостатоците и поправат грешките со кои се соочуваат изминативе два месеци.

Поволни датуми: 1,2,21 и 22.
Неповолни датуми: 4,5 и 23.

 

Овен   Бик   Близнаци   Рак

 

Лав   Девица Вага  Скорпија

 

Стрелец  Јарец  Водолија  Риби