Маникири што ќе бидат хит оваа пролет | Trendseteri
Menu

Маникири што ќе бидат хит оваа пролет

Следниве 4 маникири ќе бидат вистински хит оваа сезона


Иако најверојатно веќе ги знаете трендовите за оваа пролет, доколку сакате постојано да изгледате совршено, од голема важност е и вашиот маникир. Според некои од најпознатите салони за убавина, следниве 4 маникири ќе бидат вистински хит оваа сезона.

Силни и потемни нијанси на црвена

Најчесто темните бои се поврзуваат со постудените месеци, но оваа година не мора да го следите ова правило. Слободно носете потемен лак и во пролетните денови. Најголем хит се потемните нијанси на црвена, но исто популарна е и силната црвена боја, па дури и портокаловата.

Бел маникир

Покрај белите чевли и украси за коса, и белите нокти се водечки тренд оваа пролет. Белите нокти го истакнуваат пролетниот и летниот сјај и секогаш изгледаат свежо и чисто. Исто така нема потреба премногу да внимавате на облеката, бидејќи одговараат со секоја боја. За најдобар изглед, осигурете се дека ќе користите густ лак што ќе го покрие целиот нокот.

Белиот лак можете да го замените и со пастелни и „нуд“ нијанси, кои се исто многу популарни. Најпознати се бојата на лаванда и јоргован.

Неонски бои

Неонските бои веќе неколку години се присутни во светот на маникирот. Беа популарни изминатава зима, а истото важи и за пролетта. Силните бои се секогаш добар избор за потоплите денови, а овој пат се уште посветли. Без разлика дали ќе одберете целосен маникир, некој дезен или само еден нагласен нокот, вашиот храбар изглед сигурно ќе се истакне.

Геометриски дезени со две бои

Оваа сезона популарни се и геометриските дезени со две бои, кои се навистина впечатлив детаљ. Овој маникир не привлекува многу внимание и најдобро стои на нокти со природен облик и со средна или кратка должина. Исто популарна е и формата на бадем.