Ова е нај хит боја на капут за оваа сезона | Trendseteri
Menu

Ова е нај хит боја на капут за оваа сезона

Заборавете на класичните црна и сива, со ваков капут ќе бидете во тренд

 

Минатата година колекциите на луксузните модни куќи беа преплавени во модни парчиња во нијанси розева боја, па не е неочекувано што се ин и оваа година и тоа во зимска сезона.

Оваа пастелна розева нијанса беше неизбежна да се има на било кое парче облека, а оваа зима најмногу ќе ја гледаме како клучен моден детал – капут.

Иако најчесто одбираа црн, кафен, сив или капут во земјена нијанса, оваа сезона најпознатите дами влегоа во розевиот капут.

Розевата, но пудреста нијанса ги освои и повеќето холивудски дами. Одговара со сите сиви нијанси, бела и сите нијанси на крем, но може да се комбинира и со силни нијанси како што е црвена.

Следните модели може да ги најдете и кај нас во Zara, Mango и Stradivarius