Гостиварските каратисти со најмногу освоени златни медали | Trendseteri
Menu

Гостиварските каратисти со најмногу освоени златни медали

Гостиварските каратисти со најмногу освоени златни медали

 

 

 

Младите гостиварски каратисти од Шотокан Карате Клубот Полог Гостивар, за кој и претходно пишувавме, освоија најмногу златни медали на меѓународниот турнир во Лесковац.

Клубот во неделата учествуваше на 18-тиот меѓународниот турнир ИПОН-КУП 2018 во Лесковац Р.Србија. На натпреварот учествуваа 47 клубови и вкуно 764 натпреварувачи од Македонија, Србија Бугарија и Црна Гора.

 

“Ние настапивме со 37 натпреварувачи во кати поединечно,кумите (борби) и ката екипно освоивме 34 медали и три пехари. Настапивме како член на Шотокан Карате-до Академијата на Македонија и при тоа на крајот на натпреварот го понесовме и главниот пехар за прво место во генерален пласман што значи бевме екипа со најголем број на златни медали .Покрај стандарните наптреварувачи имав и ученици кои дебитираа односно првпат настапија и одлично се покажа. Како тренер на клубот се чуствувам горд на моите ученици” – изјави тренерот Гоце Андриевски.