Големо „НЕ“ - за овие 5 модни трендови | Trendseteri
Menu

Големо „НЕ“ – за овие 5 модни трендови

Големо „НЕ“ – 5 модни трендови кои Французинките никогаш не би ги облекле!

 

…a веројатно ги носите секојдневно

Есента со себе ни донесе трендови кои заживеjаа во полн ек. Од анимал принт до неонски бои, трендсетерките во оваа сезона прифатија поприлично впечатливи трендови кои неможат да поминат незапазено.

Доколку сте сепак од оние кои преферираат квалитет пред квантитет, тогаш многу веројатно е да ви е близок стилот на шик Французинка.

Овие дами никогаш не ги следат трендовите. Тие го негуваат својот елегантен и опуштен стил во кој се чувствуваат удобно и самоуверено во секој момент. Како и што очекувавме, следните трендови не поминаа на нивното строго оценување и за нив како и да не постојат.

 

1.  Гломазни патики

Иако важи за еден од најпопуларните модели на патики во последните неколку сезони, патиките кои ги промовираше Demna Gvasalia никогаш не го пронајдоа патот до срцата на трендсетерите. Посебно не оние кои ги лансираше Gucci со „фејк“ декоративни тракатанци.
Големо „НЕ“ кај Французинките!

 

2. „Teddy“ јакна

Французинките се познати по својата женственост и бираат модели кои ја истакнуваат нивната фигура.Трендот на овие јакни тие го заобиколуваат во голем круг, затоа што на ниту еден начин не допринесуваат за нежен и женствен изглед.

 

3. Кариран дречлив принт 

Иако сакаат дискретен кариран принт, која како подлога има кремава или сива боја, дречливите јаки црвени нијанси,розеви и портокалови никогаш не наидоа на одобрување кај Французинките.

 

4. Бициклистички хеланки

Светските трендсетерки ова спортско парче го комбинираат дури и со палта, но Французинките и понатака сметаат дека нивното место е во сала за вежбање или теретана.

 

5. Неонски бои 

Французинките секогаш бираат нежни и неутрални бои кои им даваат простор за игра со детали. Неонските бои кај нив не поминуваат ни во спортската облека.