Голема победа за Македонија: “Одигравме машки, вакви мечеви се добиваат со срце” вели Лазаров | Trendseteri
Menu

Голема победа за Македонија: “Одигравме машки, вакви мечеви се добиваат со срце” вели Лазаров

Словенија падна пред Македонската фаланга!

 

 

Ракометната репрезентација на Македонија победи на првиот натпревар на Европското првенство во ракомет кое се одржува во Загреб, Хрватска.

Со резултат 25-24 македонската репрезентација ја совлада репрезентацијата на Словенија, откако на полувреме резултатот беше изедначен односно 11-11.

Најмногу погодоци (8) имаше Дејан Манасков а капитенот Кире Лазаров даде 7 голови.

„Честитки за сите, одигравме еден машки натпревар, а сега ни следува Црна Гора која исто така е сериозен противник. Знаеме која е целта на Црногорците, тие дојдоа на ова Европско првенство специјално да не победат. Скок беше навистина расположен во првиот дел, а ние немавме поддршка од нашите голмани во тој дел. Николче не врати во живот, веруваме во нашите голмани, кои се надевам дека во следниот меч ќе бидат уште подобри. Вакви натпревари секогаш се тешки, но ги добива срцето“, изјави капитенот.

 

Вториот натпревар е во понеделник против репрезентацијата на Црна Гора.

Македонија е во група со Словенија, Црна Гора и Германија.