Најубавите фустани од доделувањето Златен Глобус | Trendseteri
Menu

Најубавите фустани од доделувањето Златен Глобус

Изненадувачки избор  на модните критичари

 
Се одржа 76-то по ред доделување Златен Глобус во хотелот Хилтон во Лос Анџелес. За разлика од досегашните доделувања, на кои филмските и телевизиските ѕвезди се натпреваруваа која ќе носи пораскошна тоалета, оваа година свечената манифестација помина во знакот на шик и елеганција, но и многу интересни креации…
 
Според мислењето на модните критичари во категоријата на најдобро облечени дами се најде младата актерка Лора Хариер која за оваа прилика одбра црно-бел фустан од модната куќа Луис Витон.


Ѕвездата од „Вовед во анатомија“ Сандра О. носела асиметричен фустан Версаче.


Актерката Розамунд Пајк својата доверба ја подари на Живанши.


Џема Чен во раскошна морнарска креација од есенската колекција на Валентино.


Лејди Гага, која освои Глобус за „Shallow“ привлече многу внимане на црвениот тепих со прекрасната креација од Валентино и огрлица од 5 милиони долари.


Актерката Жанел Моне во Шанел.


Лупита Нјонго во Келвин Клајн.


Една од омилените холивудски актерки Џулија Робертс привлече внимание со креацијата со потпис на Стела Макартни.


Актерката Серше Ронан во Гучи.


Кики Лејн блескаше како принцеза во фустан од тул на Диор.

Photos: Getty Image