Ѓоко Сучкоски | Trendseteri
Menu

Ѓоко Сучкоски

Најмладиот прфесионален „Модел“ во Македонија

 

Ѓоко Сучкоски од Охрид, со неговите 14 години е најмладиот професионел „модел“ во Македонија. Со манекенството започнал пред точно една година, кога израбитол неколку фотосесии за странската агенција S.N.O.B. која работи ширум светот.

Почеток на Јули, младиот Ѓоко потпишал договор токму со таа агенција за „моделинг“ и е во траење од 2 години. Агенцијата ќе го промовира за сите потреби кои ги има за ревии и фотосесии за познати светски фирми и брендови.

Ѓоко има учествувано на ревии во Македонија и Србија. Моментално изработи две сесии од кои една во природа во Охрид, а другата во студио и се изработени за агенцијата која го застапува.

На Facebook го следат околу 5.000 фанови, но како што вели Ѓоко за Трендсетери, Instagram го гледа како поатрактивен медиум за нега, бидејќи таму го следат многу стилисти, фотографи, блогери и модели од цел свет.

Следете го и Вие на Facebook и Instagram

Останува ние како медиум да му го следиме успехот и токму во тој да го поддржуваме максимално.