На што сè е спремен Џорџ Клуни за огромната љубов кон Амал | Trendseteri
Menu

На што сè е спремен Џорџ Клуни за огромната љубов кон Амал

Тој со несекојдневен потег покажа колку му значи љубовта кон Амал

 

Познато е дека Џорџ е голем љубител на двете тркала. Иако тој летоска имаше сообраќајна несреќа на моторот, актерод не се откажува од брзите возења.

Сепак, Амал после долго време го натера Џорџ да се откачи од својот миленик, за кој го врзуваат незаборавни спомени.

Амал е многу загрижена секој пат кога Господинот Клуни ќе седне на мотор, посебно откако ги добија близнаците, кажува извор близок на парот.

За да ја задоволи сопругата и за мир во куќата, славниот актер се одлучи да го продаде моторот.

Џорџ својот мотор го ставил на аукција со почетна цена од 25 000 долари и новиот сопственик заедно со моторот ќе добие и автограм, а парите ќе бидат добротворна донација.