Се одржа второто издание на "Gentlemen´s Expo" | Trendseteri
Menu

Се одржа второто издание на „Gentlemen´s Expo“

Успешено второ издание за мажот со стил


Во хотелот „Marriott“ во Скопје се одржа второто издание на „Gentlemen´s Expo“. Настан за мажот со стил оваа година под мотото „whiskey edition“.

Голем број на домашни и странски премиум брендови и компании, во уникатна атмосфера и во несекојдневен амбиент ги претставија своите најнови колекции, производи и услуги, а посетителите имаа можност од прва рака да ја дознаат нивната приказна и да искористат бројни поволности.

Организаторките Марија Зекмановска-Митреска и Ивана Новакова-Куновска од „Bottega Eventi“ задоволни од бројот на гостите.

Бројни гости на „Gentlemen`s Expo“ кои имаа прилика да густираат пијалаци како „Јohnnie Walker“, „Dimple“, „Glenmorangie“, „Jack Daniel`s“ и други.

За мажот со стил имаше понуда од модниот бренд „Signori“, врвни чевли од брендот „Schuster“ и други.

За оние кои сакаа да бидат во тренд со машката фризура и негувана брада, се погрижија момците од Фризерското студио „Popeye“

Тие што не беа во можност да ја посетат „Gentlemen`s Expo“, имаат можност да видат дел од атмосферата преку фотогалерија.